Како што дознаваме вистински хаос се случува во Алжир на МИ во Оран. Организацијата била тотално фијаско, а сето тоа мора да го трпат нашите спортисти. И се разбира дека за ова најодговорни се луѓето од МОК, односно шефот на нашата делегација Владимир Богоевски, кој како најодговорен треба да каже што навистина се случува и да помогне кога треба. Едноставно нашите спортисти биле оставени сами на себе. Денешниот пример со менувањето на термините на одигрување на мечевите на машката и женската ракометна селекција и доцното информирање за тоа, најдобро го отсликува тоа. Како освен хаос може да се протолкува фактот дека никој од МОК не ги информира нашите репрезентативци за менување на термините на нивните настапи, во било кој спорт.
Ова фијаско не било само во врска со овие натпревари, имало и уште многу други примери, и сетоа тоа се удира врз грбот на нашите спортисти кои заминаа на МИ во Оран со голема желба да ги бранат боите на нашата спортска Македонија, а се случувале навистина чудни работи.
Најинтересно е тоа што во одредени моменти деновиве цела наша делегација го барала Богоевски, но никако не можеле да го лоцираат. Нема никаква грижа за нашите спортисти, едноставно Богоевски го нема на мапа што се вели а нашите репрезентативци се оставени сами на себе.
Навистина шокантно.
Јасно е дека сета за сета организација на овие МИ во поглед на нашата делегација одговорни се луѓето од МОК, но по се изгледа дека тие паднаа на испитот.
Неверојатно.