Бајиќ: Имавме и добри и лоши моменти! Верувам во овие момци, можеме многу повеќе!

175

СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева


Македонската кошаркарска репрезентација, очекувано е поразена и на втората пресметка со актуелниот светски првак. Шпанија во полната Арена „Принц Фелипе“ славеше со убедливи 80-44.

Ова беше петти пораз за нашата репрезентација во овие квалификации. Драган Бајиќ потенцираше дека имаше и добри и лоши моменти, и дека верува во момците, пред се поради нивната пожртвуваност.

„Честитики за Шпанија за победа и благодарност за гостопримството. Знаевме дека е голем фаворит на овој меч, имавме краток период за тренирање, ни недостасуваа неколку играчи во ротација. Имаше и добри моменти од кои можам да бидам задоволен, имаше и лоши моменти кои мора да ги корегираме ако сакаме да одиме напред. Мислам дека квалитетот и физичката подготвеност на Шпанија се на подобро ниво, што е причина така лесно да стигнат вака убедлива. Тимот кој го водам не е нивно ниво, не реагиравме на агресивната одбрана. Во првата четвртина изгледавме добро, но потоа ја изгубивме енергијата, втората четвртина го покажа квалитетот на Шпанија. Исто и скоковите кажуваат за ваква репрезентација станува збор.

Ме радува атмосферата во екипата, хемијата што ја има. Некои работи кои се од минатото ќе мора да ги менуваме ако сакаме да играме подобри., Верувам во овие момци, се надевам дека ќе бидат подобри и во иднина ќе бидеме подобри, кога ќе бидеме комплетни. Ќе ја бараме шансата против тимови кои се на наше ниво“, изјави Драган Бајиќ.

ПретходноМакедонија остана без шанси за пласман во следната рунда, Шпанија одигра за Украина
СледноКрстевски: Ако сакаме да напредуваме, мора да ги поправиме грешките!