Како и пред три години: Италија и Шпанија ќе се борат за светското злато во ватерполо

136

Ватерполо репрезентациите на Италија и Шпанија ќе играат во големото финале на Сетското првенство во Унгарија. Вечерва во полуфиналните пресметки, во репризата на полуфиналето од пред три години, Шпанија повторно беше подобра со 10:5 од селекцијата на Хрватска.

Шпанците беа единствените кои на овој турнир дојдоа со практично непроменет состав од Игрите во Токио минатото лето, а знаејќи дека традиционално не и лежат на Хрватска, беа и фаворити во ова полуфинале.

Италија претходно во меч во кој неизвесноста траеше до последните секунди со 11:10 ја совлада Грција и обезбеди финале.

И финалето в недела ќе биде реприза на финалето од пред три години во Гвангжу, каде Италијанците со 10:5 ја совладаа Шпанија и ставаа светски шампиони.

ПретходноМИ 2022: Стојоски вкупно 12-ти во квалификациите на 400 метри
СледноБелгиецот Касми потпиша двегодишен договор со Брегалница