Македонскиот тенисер Калин Ивановски во сабота ќе го почне настапот на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Ивановски во 1. коло за противник го има британскиот тенисер Лука Поу.
Се работи за незгоден ривал кој оваа година освои двата ИТФ турнири во Логбороу во март. Статистички гледано Ивановски е подобро рангиран од противникот, а има и поголемо искуство затоа што настапува и на посилните турнири. Оваа година играше и на Австралија Опен и на Ролан Гарос.
Да потсетиме лани македонскиот тенисер го имаше најдобриот настап во кариерата со тоа што стигна до осминафиналето на Вимблдон.
Доколку Ивановски го помине својот противник во наредното коло ќе се соочи со подобриот од Белгиецот Алесио Басиле и Родриго Пачеко Мендез од Мексико.