Рома си донесе турски репрезентативец

238

Рома го обезбеди третото засилување во летниот преоден рок. Нов играч на римската волчица е турскиот репрезентативец Заки Челик кој досега играше за француски Лил. Рома за него ќе плати 7 милиони евра плус 15 проценти од наредната продажба на фудбалерот. Десниот бек ќе стави потпис на четиригодишен договор.
Челик има 32 настапи за Турција исто така беше поврзуван со трансфер во Фиорентина, меѓутоа „волчицата“ беше побрза и поконкретна во преговорите.
Тој е третото засилување за Жозе Мурињо ова лето после голманот Миле Свилар и играчот за врска Немања Матиќ. Следна цел на Рома е Давиде Фратези од Сасуоло.

ПретходноСловенија ја демолира Хрватска во квалификациите за СП
СледноАлбанскиот репрезентативец Аслани е нов фудбалер на Интер