Украина чека победа на Шпанија против Македонија

178

Украинската кошаркарска репрезентација речиси заврши голема работа за пласман во втората фаза од квалификациите за место на СП 2023 година. Во Рига ја совлада Грузија со 79:66 и сега и останува само да чека победа на Шпанија против Македонија, инаку овој меч во Сарагоса е во тек и “фуријата“ има водство.

Со ова Украинците ни ги уништија и оние мали и тероретски шанси. Имено сега е потребно Македонија да слави победа вечерва над Сарагоса, и потоа во дуелот со Украина да славиме победа со повеќе од 17 поени, што секако дека е тешко остварливо.

Инаку триумфот на Украина, и тоа убедлив во Рига, по малку е и изненадувачки, но сепак оваа репрезентација заслужено славеше и тоа убедливо.

Кога сме кај стрелците Мекфаден постигна 22 поени, Шенгелија еден помалку кај поразениот тим, додека за Украинците најмногу поени забележа Бобров и тоа 17.

ПретходноБез победник на братскиот дуел: Милан Ристовски со гол и асистенција против Динамо Загреб!
СледноМИ 2022: Стојоски вкупно 12-ти во квалификациите на 400 метри