Што навистина се случува во Марсеј? Имено од денеска еден од најголемите клубови во Франција, некогашен европски првак, остана без тренер. Хорхе Сампаоли си замина од клубот и тоа гневен, Имено раководството на Марсеј не му ги исполнило ветувањата дека ќе му донесат квалитетни играчи за пласман во Лигата на Шампионите.
Секако дека ова ќе наиде на голема нервоза кај самите играчи кои му веруваа на Аргентинецот и играа за него што се вели, за тренерот кој и тоа како знаеше да донесе победничка атмосфер во соблекувалната на тимот.
Се чини дека се повторува историјата, претходно на ист начин си заминаа Марсело Бијелса и Андре Вилјас – Боаш.