Официјално, Интер го донесе во своите редови албанскиот репрезентативец Кристијан Аслани. Тој доаѓа од редовите на Емполи, а Интер ќе плати 14 милиони евра, поточно ќе плати 4 милиони евра веднаш на основа на позајмица, а идното лето ќе доплати 10 милиони евра за да го откупи договорот. Фудбалерот ќе потпише договор до јуни 2027 година.
Аслани ќе му биде поддршка на Марсело Брозовиќ во средниот ред. Инаку тој има 20 години, роден е во Албанија но се преселил како дете во Италија. Тој поминал низ младинските категории на Емполи, а во првиот тим заиграл во сезоната 2021/22.