Алберт Диене уште еден новитет на Чаир

1157

Тимот на Шкупи од подготовките во Турција се врати посилен за уште еден интернационалец од Африка. Поточно од Сенегал, од каде што доаѓа 24. годишниот играч за врска Алберт Диене, досега играч на тамошниот тим на Џа Рааф.

Се работи за играч кој во голема мера ќе ја засили средината на теренот на нашиот шампион, а веќе беше дел и од последниот пријателски меч на Шкупи каде што дефинитивно покажа дека е вреден за потпис и веќе го доби прекарот „Канте“ од своите нови соиграчи.

За потсетување, Шкупи во вторник го игра првиот од дата дуели од квалификациите од Лигата на Шампионите, против тимот на Линколн од Гибралтар на домашен терен, на Арената Тодор Проески.

 

ПретходноКрстевски: Мотивирани сме, ја претставуваме Македонија!
СледноБесир Рамадани и официјално во Приштина