СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева
Шпанија на дело покажа зошто е број еден кошаркарска светска сила. Иако играше со втор состав против Македонија, сепак изгледаше застрашувачки. Успеавме да парираме 12. минути, а потоа го наметна своето силно темпо, со агресивна одбрана ги натера нашите кошаркари да влезат во серија грешка.
„Честитки за Шпанија за победата, почавме добро, во првата четвртина покажавме добри моменти во одбрана и напад. Во втората четвртина не одговоривме на нивната агресивна одбрана, не натераа да изгубиме неколку топки. Тоа и беше клучно. Ако сакаме да напредуваме ќе мора да ги поправиме грешките во иднина, имаме проблем со ротација, имаме млади кошаркари, кои имаат можност да видат како е да се натпреварува на високо ниво“, изјави Бојан Крстевски по мечот.
Македонија послендиот квалификациски меч за СП 2023 година го игра на четврти овој месец во СЦ „Борис Трајковски“. Истиот нема да има резултатско значење, бидејќи Украина со победа над Грузија заврши работа за пласман во следната фаза во овие квалификации за Мундијалот следната година.