Крстевски: Мотивирани сме, ја претставуваме Македонија!

91

СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (19:30 часот) го игра претпоследниот квалификациски дуел за место на СП 2023 година. Драган Бајиќ и неговите избраници и натаму ја бараат првата победа во овој циклус, проблемите со составот и отсуството на неколку репрезентативци е една од главните причини поради која не беа искористени шансите за триумф.

Искуството и младоста, и овој пат ќе биде главна одлика на Македонија, а Шпанија ќе биде вистински тест за силите со кои располагаме во овој момент, проверка на идната.

Иако силите на теренот не се еднакви, сепак за кошаркарите мотивот останува ист, да се носи националниот дрес е гордост за секој од нив.

Еден од поискусните во репрезентацијата, Бојан Крстевски вели дека против Шпанија мора да се одигра со мал број изгубени топки. Актуелниот светски првак е брз во транзиција, ваквите ситуации лесно може да ги казни.

„Шпанија слободно може да извади пет тима со кои може да игра на големи натпреварувања или квалификации. Имаат променет состав за разлика од натпреварот во Скопје, но сепак тоа се квалитетни играчи.

Ние сме мотивирани, ја претставуваме Македонија, играме против Шпанија. Овој меч е добар тест за нас, за младите, да видиме до каде сме против играчи од највисок ранг.Нам ни останува да одиграме максимално храбро и пожтвувано, да се покажеме во најдобро светло. Да немаме изгубени топки, да не им дозволиме лесни поени од транзиција, да ги смалиме грешките на минимум“, ни изјави Бојан Крстевски. 

Кошаркарите во Скопје ќе враќаат во сабота вечер, ќе имаат само еден ден за подготовка за мечот против Украина, последен во овие квалификации.

ПретходноМарјан Ристовски и официјално во Силекс
СледноАлберт Диене уште еден новитет на Чаир