Македонската кошаркарска репрезентација ги изгуби сите шанси за пласман во следната квалификациска рунда за место на Светското првенство 2023 година. Украина во Рига ја совлада Грузија со 79-66 и чекаше разврска од Сарагоса.
Шпанија очекувано дојде до втора победа во пресметката со Македонија и ги реши сите дилеми во нашата група Г. Покрај Украина и актуелниот светски првак во следната фаза место обезбеди и Грузија.
Македонија е најслаба со пет порази во низа.
Натпреварот со Украина во Скопје нема да има резултатско значење, нашите момци останува да ја одбранат честа и да дојдат до една победа. Мечот се игра на четврти јули во салата „Борис Трајковски“.