Досегашниот играч на Работнични, Марјан Ристовски го раскина актуелниот договор со овој клуб, и преминува во таборот на Силекс. Тој веќе неколку дена е дел од подготовките во Кратово, но денеска документацијата е подмирена и тој може да поптпише и официјален договор со новиот прволигаш.
Со ова Силекс добива уште едно искусно име во својот состав, со што дефинитивно тимот на Горазд Михаилов преоѓа во она што се нарекува фаворит „од сенка“ за ПМФЛ шампионатот што предстои.