Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и Порто ги дознаа противниците во групната фаза во Лигата на шампиони за следната сезона.
Португалскиот тим е во групата заедно со Магдебург, ПСЖ, ГОГ Гудме, Веспрем, Порто, Динамо Букурешт, Висла Плоцк и Загреб, додека во групата Б ќе играат бранителот на титулата Барселона, ПИК Сегед, Целје, Кјелце, Кил, Нант, Алборг и Елверум.
Добро е познато дека Вардар 1961 нема да настапува во ова натпреварување, откако ЕХФ го исклучи поради финансиски долгови.