Синиша Михајловиќ одново е во битка со леукемијата, и тоа по третпат. Имено како што јавуваат медиумите во Италија, а пренесуваат и во Србија, стратегот на Болоња бил еден месец во болница на терапии, а за тоа никој не знаел, освен се разбира неговите најблиски.
Да потсетиме дека во март Миха излезе од болница, се чинеше дека и по вторпат ќе ја победи страшната болест, но тешко оди тоа.
“Денот на стартот на подготовките е и ден кога Михајловиќ излезе од болница каде месец дена врз него се правеа терапии“ се вели во дел од соопштението на Болоња.