Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска во својот втор меч на Медитеранските игри во Оран, е поразена од Србија со 18:26 (8:10). Ова е втор пораз, ако се знае дека вчера нашите девојки загубија од Турција.
Резултатот не е одраз на се она што се случуваше на теренот и тоа во поголем дел од мечот. Имено избраничките на селекторот Љубмир Савевски добро се држеа се до средината на второто полувреме, дојдоа и до минус еден гол разлика, но потоа младоста на Македонија си го стори своето. Србија одигра поквалитетно, конечно го скрши отпорот на нашите ракометарки па така на крајот успеа да дојде до убелдив триумф.
Дукоска и Кипријановски постигнаа по пет голови за Македонија, додека кај победникот најдобра беше Јововиќ со 8 голови.
Следниот меч Македонија ќе го одигра против Португалија.