Јован Стојоски истрча четврто време во првата квалификациона група од денешните атлетски квалификации на 400 метри на Медитеранските Игри во Оран, Алжир.
Стојоски имаше резултат 47,07 секунди што е послабо од неговото најдобро време (46.81 сек.) за 26 стотинки, односно за 8 стотинки од неговото најдобро време во 2022 година (46.99).
Со овој резултат тој не успеа да се пласира во понатамошниот дел од натпреварувањето, освојувајќи го 12-то место од 17 натпреварувачи.