МИ 2022: Џудистот Чакаровски стигна до репасаж, но остана без медал

169

Македонскиот џудист Андреј Чакаровски (90 кг) имаше одличен ден на Медитеранските Игри во Оран, но на крајот не успеа преку репасажот да дојде до медал. Тој денеска во одлучувачкиот репасаж дуел беше поразен со ипон од Србинот Дарко Брашановиќ.

Чакаровски прво славеше против Либанецот Карамноб Сагаипов, кој не се појави на татамито. Потоа во четврфиналето се бореше со еден од најдобрите џудисти Михаел Зганк од Турција, од кого загуби со ипон, но тој со одличните настапи го повлече во репасажот.

ПретходноМИ 2022: Момците на Лазаров ја прегазија Турција, утре ќе навиваме за Шпанија
СледноЏеди Осман на брод во Охрид ја овековечи љубовта со актерката Ебру (ВИДЕО)