Францускиот играч од средниот ред Корентин Толисо е нов фудбалер на Лион. Репрезентативецот на Франција го напушти Баерн по пет сезони поминати во баварскиот гигант и се врати во матичниот клуб Лион со кого потпиша договор до 2027 година.
Претходно Лион го комплетира трансферот на Александре Лаказет од Арсенал кој исто така дојде како слободен играч.
Интересно, Лион ги продаде Лаказет и Толисо за 95 милиони евра во 2017 година (само од Толисо заработија 41,5 милион евра), а пет години подоцна ги враќа без пари.