Нандо Де Коло го напушти Фенербахче и потпиша за француски клуб

129

Францускиот кошаркарски репрезентативец Нандо Де Коло го напушти турскиот Фенербахче и се врати во татковината со тоа што потпиша двегодишен договор со Асвел кој се подготвува за настап во новата сезона на Евролигата.
Искусниот кошаркар ги мина екипите на Валенсија, Сан Антонио Спарс, Остин Торос, Торонто Репторс, ЦСКА Москва, Фенербахче.
Де Коло е двоен освојувач на Евролигата со ЦСКА Москва, беше МВП во елитното европско натпреварување во 2016 година. Со Валенсија во 2010 година го освои Еврокупот, со Франција беше златен на Евробаскетот во 2013 година.

ПретходноКалин Ивановски утре стартува на Вимблдон
СледноЛегендарниот тенисер: Немам спиено со 2500 жени, но не сум глуп да одбијам секс во тројка