Иако официјално сеуште не е член на Јуве, Пол Погба си ја одбра “десетката“, најзначајниот дрес на најтрофејниот клуб во Италија.
Да се потсетиме дека во последната сезона пред да се пресели во Манчестер Јунајтед, Погба ја носеше “десетката“ на Јуве, додека претходно негова бројка беше „шестката“.
Инаку Погба со Јуве во првиот мандат освои четити титули во Серија А, одигра 178 мечеви и постигна 34 голови.
Тој во 2016 година беше продаден за 105 милиони евра на Јунајтед, а сега се враќа како слободен играч.
Неговата плата во Јуве, тука се сметаат и сите бонуси, би требало да изнесува 10 милиони евра годишно.
Инаку прашање е на час или ден кога Јуве ќе го промовира репрезентативецот на Франција.