Словенија ја демолира Хрватска во квалификациите за СП

124

Кошаркарската репрезентација на Словенија ја совлада Хрватска со 97:63 во меч одигран во Љубљана во средбата од петтото коло од групата Ц од првиот круг од квалификациите за пласман на СП 2023.

Дуелот беше решен по првите десет минути кои Словенија ги доби со 33:8. Предводени од Лука Дончиќ и ветеранот Горан Драгиќ, Словенците лесно ја надигруваат кршливата хрватска одбрана и погодуваа во речиси секој напад. Хрватите на стартот се држеа до 7:6, а потоа Словенците направија серија од 20:0 по што го отворија патот до победата. Во втората четвртина Словенија имаше предност и од 27 поени!

На крајот беше јасно дека Словенија ќе ги освои бодовите, а со тоа се пласира во вториот круг од квалификациите и и се приклучи на Финска која вториот круг го обезбеди по победата на свој терен над Шведска со 85:69.

Дончиќ заврши со 21 поен, 10 асистенции и 8 скокови, а Драгиќ додаде 19 поени. Кај Хрватите најефикасен беше Хезоња со 22 поени.

ПретходноЈокиќ го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА!
СледноРома си донесе турски репрезентативец