Украинската кошаркарска репрезентација речиси заврши голема работа за пласман во втората фаза од квалификациите за место на СП 2023 година. Во Рига ја совлада Грузија со 79:66 и сега и останува само да чека победа на Шпанија против Македонија, инаку овој меч во Сарагоса е во тек и “фуријата“ има водство.
Со ова Украинците ни ги уништија и оние мали и тероретски шанси. Имено сега е потребно Македонија да слави победа вечерва над Сарагоса, и потоа во дуелот со Украина да славиме победа со повеќе од 17 поени, што секако дека е тешко остварливо.
Инаку триумфот на Украина, и тоа убедлив во Рига, по малку е и изненадувачки, но сепак оваа репрезентација заслужено славеше и тоа убедливо.
Кога сме кај стрелците Мекфаден постигна 22 поени, Шенгелија еден помалку кај поразениот тим, додека за Украинците најмногу поени забележа Бобров и тоа 17.