Денес почнува Тур де Франс – Погачар брка хет-трик!

126

Втората Гран при велосипедска трка за 2022 година, популарната Тур де Франс почнува во петок, 1 јули во Копенхаген, Данска и ќе заврши во Париз, во недела на 24 јули. Оваа година е 109 издание на најпопуларната велосипедска трка во светот, а ќе се натпреваруваат вкупно 176 велосипедисти од 22 тимови.

ЕТАПИ
Тур де Франс ќе започна на 1 јули со индивидуална трка на хронометар низ улиците на Копенхаген, Данска. Предводени се три етапи во Данска, втората од 199 км помеѓу Роскилде и Ниборг, а потоа од 182 километри од Вејле о Сондерборг.
По еден ден пауза експедицијата се сели во Франција и првата француска етапа е од Данкирк до Кале во должина од 172 километри.
Вкупно се шест планински етапи и две трки на хронометар. Вкупно 21 етапа се предвидени за оваа година или вкупно 3,328 километри.

ШАНСИ ЗА ТРИУМФ
Медалистите од ОИ во Токио 2020, Тадеј Погачар, Примож Роглич и Вут ван Арт се најголеми фаворити за победа. Словенецот Погачар се надева на жолтата маичка трета година по ред со што би се израмнил со легендарниот четирикратен шампион Крис Фрум (2015, 2016 и 2017).
Роглич три пати победил на Вуелта (трката низ Шпанија), но никогаш и Тур де Франс. Во 2018 беше четвртопласиран, а во 2020 година втор во конечниот пласман. На Олимписките игри во Токио го освои златниот медал во индивидуалната хронометарска трка.
Ван Арт неколку дена пред почетокот на ТДФ се соочи со проблем. Болките во коленото го направија неговиот настап неизвесен со самиот почеток. Сепак, Белгиецот вели дека се чувствува одлично и дека ќе се натпреварува. Ван Арт е сребрен од ОИ во Токио.

ПретходноЖдрепка за новата сезона: По исклучувањето на Вардар, Митревски единствен македонски претставник во ЛШ
СледноВојдан: Знаеме колку брза кошарка игра Шпанија, мора да го издржиме нивниот налет!