Уште еден клуб ќе се откаже од играње во елитата…во ПМФЛ за следната сезона ќе има 10 екипи!?

6035

Тешката криза во државата, пред се од финансиска природа, се одразува врз спортот, пред се на фудбалот. Посебно проблеми си имаат клубовите кои следната сезона ќе играат во ПМФЛ. Ако се знае дека една сезона во ПМФЛ “чини“ најмалку 600.000-700.000 евра, најмалку, тогаш јасно е зошто некои клубови, пред се како Ренова, се откажуваат од играње.

Инаку „Спортмедиа“ дознава дека уште еден клуб, покрај Ренова, има намера да се откаже од играње во ПМФЛ за следната сезона. Станува збор за реномиран клуб за наши услови.

Спортмедиа“ го знае името на клубот, но секако дека чекаме на 15 јули кога луѓето од клубот имаат намера самите на јавноста да и пренесат дека и тие како и Ренова ќе се откажат од играње во елитата.

Тоа значи дека, се разбира ако некои работи не се променат, постојат реални шанси во сезоната 2022/23 во ПМФЛ да играат “само“ 10 клубови место 12 како што и беше предвидено и планирано.

ПретходноЃуроски: Се боревме во квалификациите за да стигнеме до тука, да заиграме против најдобрата светска селекција!
СледноГотово е: И официјално Салах останува во Ливерпул! (ФОТО+ВИДЕО)