ФИФА ја претстави новата офсајд технологија за Мундијалот во Катар! (ВИДЕО)

667

ФИФА и официјално потврди дека на СП во Катар ќе се применува нова офсајд полуавтоматска технологија.

Како што беше кажано денеска, на презентацијата, со новата офсајд полуавтоматска технологија ќе се намали времето на одлуката од 70 на 25 секунди. Оваа технологија ќе се применува и за други ситуации, не само за офсајдите. Инаку ова треба да биде дополнување на ВАР системот.

Како што се нагласува, тоа е систем од 12 камери и сензор во топката која ќе може да испраќа 500 информации во секунда и точно ќе се знае кога е шутната топката, а камерите ќе го забележат со стонастотна сигурност евентуалниот офсајди и секако дека брзо ќе биде донесена одлуката. Сета таа ситуација, односно визуеализација ќе биде пренесувана на стадионот, но и на малите екрани.

Да кажеме дека оваа технологија пробно веќе беше употребувана на Светското клупско првенство.

ПретходноТетекс го комплетира тимот за следната сезона
СледноМитев, Митров и Алпај за посилен Скопје