Двојниот едноподруго МВП Никола Јокиќ го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА лигата. Новиот петгодишен договор на српскиот интернационалец со Денвер Нагетс е вреден 264 милиони долари.
Овој супер договор ќе се активира од сезоната 2023/24 и во првата година ќе му донесе 46,55 милиони долари. Потоа секоја година следува покачување од по осум проценти, а во последната година ќе заработи 63,33 милиони долари.
Договорот опфаќа и трејд кикер клаузула, во која Јокиќ во случај на трејд би можел дополнително да инкасира пари во согласност со процентите кои се пресметуваат н основа на траењето на договорот.
Со тоа српскиот центар дефинитивно стана играч со најголемиот договор во историјата на лигата.
Nikola Jokic’s 5-year max contract that kicks in next year will look like this with full 8% raises based on a $133,000,000 salary cap:
23-24: $46.550M
24-25: $50.274M
25-26: $54.296M
26-27: $58.640M
27-28: $63.331M**Player option
— T.J. McBride (@TJMcBrideNBA) June 30, 2022