Попладнево во Словенија се одигра пријателски меч меѓу Спартак Трнава и Динамо Загреб, кој заврши со резултат од 3:3, иако тимот од Словачка водеше со 3:0. Интересно е тоа што во првиот дел од средбата, еден против друг играа браќа Милан и Стефан Ристовски, и двајцата наши стандардни репрезентативци.
Па така на овој братски дуел, на кој немапше победник, помалиот Милан одигра одлично. Во 29.минута му донесе водство на својот тим со гол од пенал, а во 34.минута асистираше за водство на Трнава од 3:0.
Во второто полувреме “модрите“ притиснаа со сите сили и успеаја да се спасат од пораз.