Досегашниот играч на тимот на Струга ТЛ, Бесир Рамадани и официјално денеска стана дел од тимот на Приштина од Косово.
Некогашниот младитец на Шкупи, кој покрај за овој клуб настапуваше и за екипите на Генч Калемлер, Гостивар, а последно и за Струга, го прави првиот интернационален трансфер со што ја подига својата кариера на едно скалило нагоре.
Тој изминатиот период беше стандарден првотимец на Струга ТЛ.