По Ромелу Лукаку, денеска Интер потврди уште едно големо име во своите редови. Станува збор за Андре Онана, досегашниот голман на Ајакс кој во Милано доаѓа како слободен играч. Камерунецот долго време се поврзуваше со Интер, па така од денеска овој трансфер стана и официјален. Инаку Онана, кој чувар на мрежата на репрезентацијата на Камерун би требало во наредниот период да биде достојна замена за досега неприкосновениот Самир Хандановиќ.
Онана ја мина школата на Барселона, за Ајакс одигра 214 натпревари од 2015 година откако се пресели во клубот од Амстердам.