Кадетите завршија последни на Балканското првенство во Србија

97

Кадетската машка одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Босна и Херцеговина со 3:0 (25:18, 25:17, 25:17) на Балканијадата во Нови Сад, а со тоа го зазеде последното, седмо место во конечното рангирање.

Избраниците на селекторот Ванче Санев загубија од Молдавија и од Бугарија во групната фаза, по што денеска се сретнаа со составот на Босна и Херцеговина, кој претходно претрпе три порази, но со успехот во мечот со нас, се избори за утрешен натпревар со Романија за петтата позиција на турнирот за одбојкари до 18 години.

ПретходноЏеди Осман на брод во Охрид ја овековечи љубовта со актерката Ебру (ВИДЕО)
СледноПогба ја одбра “десетката“ во Јувентус!