Македонија остана без шанси за пласман во следната рунда, Шпанија одигра за Украина

403

Македонската кошаркарска репрезентација ги изгуби сите шанси за пласман во следната квалификациска рунда за место на Светското првенство 2023 година. Украина во Рига ја совлада Грузија со 79-66 и чекаше разврска од Сарагоса.

Шпанија очекувано дојде до втора победа во пресметката со Македонија и ги реши сите дилеми во нашата група Г. Покрај Украина и актуелниот светски првак во следната фаза место обезбеди и Грузија.

Македонија е најслаба со пет порази во низа.

Натпреварот со Украина во Скопје нема да има резултатско значење, нашите момци останува да ја одбранат честа и да дојдат до една победа. Мечот се игра на четврти јули во салата „Борис Трајковски“.

ПретходноШкупи го претстави тимот од 11 нови засилувања ова лето (ФОТО)
СледноБајиќ: Имавме и добри и лоши моменти! Верувам во овие момци, можеме многу повеќе!