Италијанскиот шампион Милан успеа да ја реализира можеби најдобрата зделка во летниот преоден рок, го задржи спортскиот директор Паоло Малдини. Некогашниот фудбалер, сега директор имаше важечки договор со клубот до вчера на полноќ, но на час и половина од истекот, двете страни се договорија и објавија дека го продолжуваат проектот.
„Сѐ е завршено, го продолживме договорот во последен час. Најважно е што успеавме. Среќен сум што сум тука, спремни сме да ја планираме иднината и новите победи. Знам дека малку доцниме, но има време, ќе го надополниме загубеното“, рече Малдини.
Според медиумите тој потпишал договор до 2024 година.