Митев, Митров и Алпај за посилен Скопје

1924

Досегашниот голман на тимот на Тетекс, Петар Митев, како и играчот за врска Михајло Митров, односно Јусуф Алпај се нови членови на тимот на Скопје.

Во Автокоманда летово се случуваат промени, затоа што сега нов шеф на стручен штаб е Славчо Георгиевски, па нормално е и тимот да претрпи измени во корелација со замислите на новиот тренер.

Па така, новитетите Митев, Митров и Алпај, како и искусниот Благоја Тодоровски се засега четирите фудбалери кои се плус на она што е веќе дел од тимот на Скопје, па „Пиратите“ секако дека планираат идната ПМФЛ сезона да ја стартуваат и одработат во добра форма и позитивни резултати.

ПретходноФИФА ја претстави новата офсајд технологија за Мундијалот во Катар! (ВИДЕО)
СледноМИ 2022: Женската ракометна селекција поразена од Србија