Иако се очекуваше српско дерби, сепак немаше никакво дерби, никаква неизвесност. Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетои го повбеди или просто го “збриша“ својот сонародник Миомир Кецмановиќ и се пласираше во следната рунда на Вимблдон.
Во текот на целиот меч Новак беше подобар, иако не одигра спектакуларно, сепак Ѓоковиќ покажа кој е кој во овој дуел и з а помалку од два часа го совлада Кецмановиќ.
Првиот сет Новак го доби со 6:0, потоа вториот со 6:3, за да третиот со 6:4 и тоа беше тоа.
Во осминафиналето Ѓоковиќ го чека меч со Холанѓанецот Тим ван Рајтховен.