Официјално: Ришарлисон во Тотенхем за 60 милиони фунти

166

Бразилскиот интернационалец Ришарлисон е нов фудбалер на Тотенхем. Тој доби зелено светло од Евертон за трансфер на „Вајт Харт Лејн“, а по завршените лекарски прегледи, офанзивецот и официјално стана член на клубот од северен Лондон.
Договорот е на пет години. Трансферот изнесува 60 милиони фунти и со тоа Тотенхем го заврши и четвртото летно засилување по Иван Перишиќ, Фрејзер Форстер и Ив Бисума.
Ришарлисон е дете на Атлетико Минеиро, а во Бразил играл уште и за Флуминенсе. Во 2017 година доаѓа во Европа, прво во Ватфорд, а по само една сезона се сели во Евертон за 35 милиони фунти плус бонуси.
По четири сезони во Евертон и 152 меча во сите натпреварувања, Ришарлисон сега ќе игра за Тотенхем.

ПретходноВојдан: Знаеме колку брза кошарка игра Шпанија, мора да го издржиме нивниот налет!
СледноМу го продадоа на Баерн за 41,5 милиони евра, сега си го вратија без пари