Петти пораз во низа за Македонија: „Фуријата“ нè оддува за осум минути среде Сарагоса (ФОТО)

275

СПОРТМЕДИА во Сарагоса, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша петтиот пораз во низа во првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023, откако беше убедлива совладана од Шпанија со 80-44 (19-17, 26-6, 17-8, 18-13). Актуелниот светски првак со убиствена серија во втората четвртина го реши името на победникот, постигнавме шест поени, а примивме 26.

Добра игра на македонската кошаркарска репрезентација во првата четвртина. Драган Бајиќ ги ротираше играчите, а тоа пак и вроди плод. Шпанија отвори со 6-2, но брзо одговоривме со тројката на Бојан Крстевски го запишавме првото водство во 5:22 минута (6-7). Имавме и 12-13, 14-16 и 15-16 во осмата минута. Противникот овој дел го заврши со 19-17.

Неколку промашени напади во втората четвртина, актуелниот светски првак брзо ги казни, последните поени ги постигна Крстевски во 12 минута, по што на другата страна следеше убиствена серија од 19-0 дојде за двоцифрени 43-21 во 19 минута. Налетот на кратко го прекина Јакимовски го постигна шестиот поен за Македонија во втората четвртина. На одморот беше 45-23.

Во продолжение на мечот не се промени сликата. „Фуријата“ продолжи да доминира, третиот период го доби со 17-8, едноставно нашите момци беа немоќни пред силниот противник. Последните десет минути ги отворивме со негатива од 62-31.

До крајот на натпреварот Шпанија имаше рутинска задача, која лесно ја спроведе и дојде до петата победа во низа во овие квалификации на големо задоволство на навивачите во прекрасната Арена „Принц Филипе“.

На оваа средба шанса добија двајцата дебитанти, Рубин Стефанов и Виктор Ташовски.

Јакимовски со 14 поени и шест скока е прв стрелец и единствен со двоцифрен број на поени. Крстевски и Николов запишаа по седум поени, еден помалку имаше Симиќ. Војдан и Мекиќ застанаа на три поени, два имаше Робев. На сругата страна Саиз имаше 17 поени.

Кошаркарите утре вечер ќе бидат во Скопје, ќе имаат само еден ден за тренинг пред дуелот со Украина, кој е закажан за четврти јули во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноБелгиецот Касми потпиша двегодишен договор со Брегалница
СледноШкупи го претстави тимот од 11 нови засилувања ова лето (ФОТО)