Рома го обезбеди третото засилување во летниот преоден рок. Нов играч на римската волчица е турскиот репрезентативец Заки Челик кој досега играше за француски Лил. Рома за него ќе плати 7 милиони евра плус 15 проценти од наредната продажба на фудбалерот. Десниот бек ќе стави потпис на четиригодишен договор.
Челик има 32 настапи за Турција исто така беше поврзуван со трансфер во Фиорентина, меѓутоа „волчицата“ беше побрза и поконкретна во преговорите.
Тој е третото засилување за Жозе Мурињо ова лето после голманот Миле Свилар и играчот за врска Немања Матиќ. Следна цел на Рома е Давиде Фратези од Сасуоло.