Калин Ивановски со пресврт до победа и 2. коло на јуниорскиот Вимблдон

236

Младата тениска надеж на Македонија, Калин Ивановски успешно ја мина првата пречка на јуниорскиот дел од Грен Слем турнирот Вимблдон. Нашиот тенисер денеска во двочасовна битка, со пресврт, успеа да слави над Британецот Лука Пау и да си обезбеди место во втората рунда од натпреварувањето.

Ивановски го загуби првиот сет со 6:3, но потоа додаде „гас“ во следните два сета и успеа со 6:4, 6:2 да се избори за конечни 2:1 во сетови и пласман во втората рунда.за ривал го чека победникот од дуелот меѓу Базиле (Бел) и Пачеко (Мек).

ПретходноПОТВРДЕНО: Дин Хендерсон на позајмица во Нотингем Ф.
СледноМонако ја чека новата ѕвезда: Белоти вечерва треба да пристигне во кнежевството