Младен Крстајиќ ќе биде новиот селектор на Бугарија, нашиот ривал од групата во Лигата на нациите во моментов. Српските медиуми јавуваат дека Крстајиќ веќе има „дил“ со бугарскиот фудбалски сојуз и дека ќе го замени сега веќе екс селекторот Георги Иванов.
Крстајиќ има искуство како селектор и тоа на неговата Србија, во период од 2017 до 2019 година, а потоа беше на чело на екипата на ТСЦ Бачка Топола, како и на тимот на Макаби Тел Авив.