Македонија ја „уништи“ Бугарија!

683

Машката селекција на Македонија „Под 18“ години, стигна до убедлива победа на првата, од двете планирани пријателски средби против Бугарија, во Сандански.

Нашите јуниори, иако без помошта на „сениорите“ Теодор Симиќ и Рубин Стефанов, стигнаа до висок триумф на првата проверка во Сандански, (81:57).

Освен првиот период во кој домаќините успеваа да парираат на играта на нашите јуниори (водевме со 23:19), се друго беше на страната на тимот кој го предводи селекторот Тони Симиќ.

До полувремето Македонија изгради двоцифрена предност (44:28), која во третиот период од играта „порасна“ на (58:40), за оваа „контрола“ ја затвориме со уште поубедлива предност од 24. поени.

Нашата селекција доминираше во скокот, имаше дури 15.скока повеќе во однос на ривалот (46 спрема 31), повеќе асистенции и пред се, доста добра реализација од поле (57.4%).

Виктор Стојковски со 20. реализации, беше првото поентерско име во нашата јуниорска репрезентација. Тома Стојановски реализираше 13 (и седум скока), а Петар Бошалески уште 12.поени (девет скока).

Двете селекции, утре, од 11.часот (по македонско време)  ќе одиграат уште еден контролен натпревар, по што нашата селекција се враќа во Скопје каде ќе продолжи со подготовките за настап на ЕП од „А“ Дивизијата во Измир.  

ПретходноАлчевски на голот на “Пандевци“ до 2026!
СледноБраво: “Децата“ на Лазаров се пласираа во полуфиналето на МИ во Оран!