Милан го откупи договорот на Флоренци

78

Италијанскиот шампион Милан објави дека бекот Алесандро Флоренци потпишал тригодишен договор и со тоа го комплетирал трансферот од Рома на „Сан Сиро“. 31-годишниот италијански репрезентативец беше на позајмица во Милан од редовите на Рома, но сега повторно се враќа во градот на модата но овојпат со договор за постојано. „Росонерите“ ќе платат 3 милиони евра.
Ова е втор клуб за кој Флоренци потпишува договор за постојано, а пред тоа беше 11 години под договор со Рома. Тој беше на позајмици во Валенсија и ПСЖ, пред да му се приклучи на Милан минатата сезона.
Милан објави дека голманот Антонио Миранте го продолжил договорот. Истото го направи и спортскиот директор Паоло Малдини. Се чекаат новите играчи, а најавено е доаѓањето на Ренато Санчез.

ПретходноБарселона ги „откачи“ Траоре и Де Јонг
СледноЛига Конференции: Швајцарски судии за Шкендија и А. Пандев