По две години, Суперкупот на Италија се враќа во Саудиска Арабија

64

Италијанскиот Суперкуп 2022/23 ќе се одигра во Саудиска Арабија.

Натпреварот помеѓу Милан и Интер ќе се одигра на 18 јануари 2023 година во Ријад, главниот град на земјата.

Суперкупот на Италија ќе се игра по 35-ти пат, а 12-ти пат надвор од земјата.

Милан ќе учествува во натпреварот како шампион на Италија, а Интер како освојувач на националниот Куп. Интер е актуелен бранител на трофејот кој го освои лани на „Сан Сиро“ по продолженијата на дуелот со Јувентус.

ПретходноСаинц за прв пат во кариерата има пол – позиција
СледноСП 2023: Интересна ждрепка… Македонија против Норвешка, Аргентина и Холандија