Алармантно во Валенсија: Долгот надмина 200 милиони евра

244

Шпанскиот весник „Супердепорте“ објави текст за Валенсија во кој наведува дека ситуацијата во клубот е „алармантна“ и дека имаат вкупен долг од преку 200 милиони евра. За да и помогне на финансиски паднатите џинови, како што е Барселона, шпанската фудбалска лига ќе попушти во преодниот рок и ќе им дозволи на клубовите да тргуваат, но истовремено мора да го почитуваат финансискиот фер-плеј и да не прават енормни трошоци за фудбалери, а притоа да не го надополнат тоа.

Валенсија до сега не успеа да ги продаде играчите кои ги планираше и со тоа да обезбеди финансиски баланс на фискалната претходна година која ја заврши со губитоци од нешто повеќе од 70 милиони евра.

За да го испочитуваат финансискиот фер-плеј, клубот од Местаља направи план и предвидел губитоци од 36,6 милиони евра, но и приходи од 37,7 милиони евра од продажба на играчи. Но засега пресметките не се добри.

Од претходните осум сезони, само во една клубот објавил профит од 1,3 милиони евра и тоа во 2018/19 поради учеството во ЛШ и трофејот во Купот.

На списокот за продажба се Гонсало Гуедеш и Карлос Солер. Меѓутоа никој не сака да ја плати баратата сума за нив. Се преговара со Рома за Гудеше чија вредност според Трансфермаркт изнесува 40 милиони евра, додека вредноста на Солер е повисока.
Новиот тренер Џенаро Гатузо има проблеми да донесе и слободни фудбалери. На примет, тој го сака Матео Наполитано кој иако е слободен не може да биде регистриран поради ситуацијата во клубот.
Во плановите на Гатузо се играчот од средниот ред Жордан Верету, потоа крилниот фудбалер Џастин Клајверт, Матео Политано, потоа Деме… но за нив ќе мора да се плати, па додека не се обезбедат пари од продажба ништо од овие трансфери.

Да потсетиме и тоа дека во март навивачите на Валенсија протестираа против Петер Лим и бараа од него да си оди.

ПретходноКомедија во боксот на Мекларен, механичарот наопаку ја ставаше гумата на болидот
СледноРакометарите денеска ќе ги добијат противниците за СП 2023!