Адама Траоре и Лук де Јонг не се повеќе фудбалери на Барселона откако каталонскиот клуб одлучи да им се заблагодари за придонесот и да не ги откупи нивните договори. И двајцата играа на позајмица минатата сезона, а каталонскиот клуб, кој се обидува финансиски да се стабилизира, одлучи двајцата фудбалери да ги врати назад во претходните клубови.
Па така Адама Траоре се враќа во Вулверхемптон, додека Лук де Јонг во Севиља.
Пред да дојде во Барселона, Траоре одбил убава понуда од Тотенхем, а интерес имало и од Атлетико и од Наполи. Меѓутоа на „Ноу Камп“ работата не излезе онака како што тој посакуваше, па сега ќе мора да се врати назад. Сепак, сега неговата цена е далеку пониска, а и интересот не е толку голем.
А Лук де Јонг по истекот на позајмицата со Барселона се врати во Севиља која пак го продаде во ПСВ за 3,5 милиони евра.