Македонскиот ракометен суперлигаш Тиквеш предмалку објави дека некогашниот репрезентативен голман на Македонија и голман на повеќе македонски клубови, како и селектор на нашата сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, ќе биде нов тренер на кавадаречкиот состав.
Брестовац до пред една година беше на селекторското место во нашата репрезентација, па по кусата интернационална кариера реши да се врати во Македонија и да го преземе тимот на Тиквеш.