Српскиот фудбалер Огнен Мудрински доби отказ од словенечки Целје поради неговите простачки коментари на видео снимка која исплива на социјалните мрежи. Фудбалерот кој некогаш играл за Војводина и Црвена Звезда, како и за клубови од Германија, Швајцарија, Полска па му се врати на балканскиот фудбал, лани како позајмен во Марибор, а ова лето потпиша за Целје.
Мудрински требало да стане најплатениот фудбалер во Словенија, но како што пренесува тамошната „Екипа“ тоа нема да се случи. Причината е видео снимката…
„Брате, ги убив! Значи ги убив! Собираат пари низ цел град. Имаш ли некоја црна кеса да однесеш да ги соберат и нека тие пари бидат кај тебе. Ајде, се гледаме“, стои во разговорот на Мудрински со негов пријател.
Тоа го видела и управата на Целје кој веднаш му врачил отказ.