Кожуф и Ѓоре Јовановски ја официјализираа соработката

293

Тоа што и Спортмедија го најави пред неколку дена, денеска и официјално потврдено. Гевгелискиот второлигаш Кожуф денеска и официјално го промовираше Ѓоре Јовановски во нов шеф на стручниот штаб.

„Полека финишираме со подготовките и се насочуваме кон предизвиците што претстојат. Целите на ФК КОЖУФ е да се биде стабилен второлигаш, главно потпирајќи се на сопствениот играчки кадар. Од новата сезона ФК КОЖУВ ќе стави посебен акцент на младите кадри, кои би требало да донесат нова свежина во фудбалот на градот. Гевгелија е била и ќе биде расадник на млади таленти. Огромна чест и задоволство ни претставува што во нашите редови , ќе го имаме најтрофејниот тренер Ѓоре Јовановски. Само со желба и дисциплина ќе се дојде до успех. Во оваа прилика , се заблагодаруваме на тренерот Васе Беќаров кој несебично се залагаше за клубот и во иднина му посакуваме само успеси“, објавија денеска од клубот.

ПретходноМонако ја чека новата ѕвезда: Белоти вечерва треба да пристигне во кнежевството
СледноМанчестер Јунајтед повторно ја зголеми понудата за Мартинез од Ајакс