Општина Битола на својата официјална страница објави конкурес за идејно решение за нов спортско рекреативен комплекс кој ќе биде во сооднос со веќе водност до деталниот урбанистички план на градот. Попрецисно кажано, градските власти во Битола одлучија да се гради нова спортска сала во градот нешто што е преку потребно со оглед на фактот што во моментов повеќе професионални екипи настапуваат на највисоко ниво.
Во прв ред тоа секако е РК Е.Пелистер, како и вториот тим на овој клуб, како и кошаркарскиот клуб Пелистер. Ова се репрезентите на Битола на меѓународно ниво, па современ спортски објект кој ќе го наречам дом, секако дека мораше да има и досега. Ако за истиот не беа создадени услови се досега, еве од Општина Битола велат дека конечно проектот ќе се оствари.
„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА РАСПИШУВА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски објави јавен конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативен центар, кое ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план ДУП за АРМ, Четврт 2.
Времето предвидено за изработка на Решението е од денот на објавување на конкурсот 01.07.2022 година до 01.09.2022 година.
Целта на конкурсот е изработка на идејно решение врз основа на кое ќе се изгради спортско-рекреативен центар со што ќе се зголемил квалитетот на живот во градот Битола и регионот, согласно потребите на граѓаните, ќе се зголеми вредноста на просторот и ќе се овозможи негово квалитетно и функционално унапредување, со формирање на препознатлива целина во соодветна врска со постоечкиот контекст и идните функции и содржини на јавниот простор.
Идејното решение треба да се одликува со функционалност и применливост, со естетска карактеристика на препознатливост на градот со цел да го оплемени просторот, да ги збогати содржините и да ги привлече граѓаните да го користат.
Идејата треба да биде иновативна, креативна, модерна и оригинална.
Конкурсното решение треба да биде осмислено да се интегрира во јавниот простор, со можност да се организираат различни настани.
Комисијата за оценување на конкурсот ќе донесе одлука за најдобро решение во рок од 30 денови, по завршувањето на конкурсот, а резултатите од конкурсот ќе ги објави на веб страната и на огласна табла на Општина Битола. Авторите на наградените трудови и останатите учесници ќе бидат писмено известени.
Доделените награди ќе им бидат исплатени на авторите по завршување на комплетната постапка за избор на најдобро решение на конкурсот, најдоцна 60 дена од денот на донесување на Одлуката и тоа според средствата определени со конкурсот, каде за прва награда се предвидени 200 000,00 денари, за втора 100 000,00 денари, а за трета 50 000,00 денари.
За сите учесници на конкурсот кои ќе достават комплетна документација изработена во согласност со конкурсните услови следува надомест за учество во висина од 30 000,00 денари.
Покрај овој конкурс, општина Битола, објави и конкурс за изработка на идејно решение за регулирање на речен ток на река Драгор со каскадно смирување на токот и крајбрежни велосипедско-пешачки патеки со соодветни пропратни содржини, од месност Црн мост до западна граница на опфат на ГУП на град Битола“ – се вели во огласот на Општина Битола.