Лига Конференции: Швајцарски судии за Шкендија и А. Пандев

215

 

Во четврток две наши екипи ќе ги одиграат првите мечеви од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Шкендија игра дома во Скопје со Арарат (Ерменија) а А.Пандев и гостува на Лехија во Гдањск (Полска).

Интересно што и на двата меча правдата ќе ја делат судии од Швајцарија.

На дуелот Шкендија – Арарат (20:00 ч), главен судија ќе биде Лукас Фајндрих, а негови помошници ќе бидат Џонас Ерни и Слаѓан Јосиповиќ.

Фајндрих  има 37 години а со ФИФА судискиот амблем е веќе две години,нема судено значајни европски натпревари. Во Швајцарската Супер лига веќе суди девет сезони.

На мечот Лехија Гдањск – А. Пандев (20:15 Ч) главен судија ќе биде Лионел Чуди, додека помошници ќе му бидат неговите сонародници Марко Зурхер и Матијас Сбриса.

Чуди има 33 години, а од евро настапите последен пат судел на средбата од Лигата на Нации меѓу Андора и Молдавија.

ПретходноМилан го откупи договорот на Флоренци
СледноДанило Брестовац седнува на кормилото на Тиквеш!